Повеќе информации за понудата за станбен простор.

 

Повеќе ...

 

Повеќе информации за понудата за деловен простор.

 

Повеќе ...

ЛОКАЦИЈА
КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ!                +389 2 3216360
ПИШЕТЕ НИ!

Тел.   +389(0)2 3216 360

Факс. +389(0)2 3216 361

contact@diasconstruction.com.mk

 

Објектите на ДИАС КОНСТРАКШН имаат современ архитектонски израз и се проектирани според најновите стандарди за изградба и домување, почитувајќи ги сите прописи кои гарантираат безбеден и пријатен престој во еден објект.
Објектите во Ново Лисиче имаат едно подземно ниво на кое е предвиден паркинг простор.
Приземјето кај еден од објектите е решено како деловен простор, додека кај другите два како станбен простор.

Кај сите три објекти на седумте ката над приземјето се предвидени станбени единици.

Бројот на истите варира помеѓу 44-46 по објект. Становите се со квадратура од 30-120 м².

Секоја зграда има еден влез и два лифта. Детално


Новопроектираните објекти се во согласност на најсовремените стандарди, со примена на современи материјали со висок квалитет, како и материјали со веќе потврдени солидни карактеристики.

Фасадните ѕидови во сите објекти се сендвич ѕидови (10+5+10).
Како изолација во сендвич ѕидовите и на термичките мостови се користи ФИБРАН, кој има одлични карактеристики по однос на топлотната и звучната заштита.

Надворешната столарија е комбинација од алуминиумски или ПВЦ профили.
Истите се со висококвалитетен оков, застаклени со термопан стакло (4+16+4) или памплекс сигурносно стакло (4+14+6).

Фасадата е изведена со полимерен материјал во повеќе слоеви и колорирана според претходно извршената хроматска анализа. Детално

Станбените и деловните единици како и јавниот простор ќе бидат опремени со адекватни материјали, согласно архитектонското решение.
Ѕидовите во сите објекти се од блок тула. Ѕидовите кон скалишното јадро се сендвич (10+2+10), ѕидовите помеѓу становите се блок тула од 25см, додека внатрешните прегради се блок тула од 10см.
Како изолација во сендвич ѕидовите се користи ФИБРАН, кој има одлични карактеристики по однос на топлотната и звучната заштита. Ѕидовите и плафоните се малтерисани, глетувани и завршно колористички обработени.

Завршната обработка на ѕидовите и подовите, во бањите, делумно во кујните и на терасите, е керамика од европско потекло. Подовите пак во преостанатиот станбен простор се обложени со дабов паркет, завршно лакиран. Влезните врати во становите се сигурносни со соодветен оков и вграден сигурносен систем. Внатрешната столарија е од медијапан обложен со фурнир и завршно лакиран со полиуретански мат лак. Станбените единици и локалите се опремени со санитарии од европско потекло со придружни елементи.
Влезот во зградите и предпросторот пред лифтовите е простран и ентериерно обликуван со ексклузивни материјали. Тој е природно вентилиран и осветлен. Во секој објект е поставена инсталација за централна правосмукалка, домофон, кабловска телевизија, телефон, централно греење, водовод, канализација, електрика, вентилирање итн. Детално

Do NOT follow this link or you will be banned from the site!